Руското оружје ја засили армијата на Венецуела

Оружјето од руско производство го зголеми потенцијалот на армијата на Венецуела, изјави министерот за одбрана на републиката генералот на армија Падрино Лопез, пренесува ТАСС.

Оружјето од руско производство го зголеми потенцијалот на армијата на Венецуела, изјави министерот за одбрана на републиката генералот на армија Падрино Лопез, пренесува ТАСС.

„Ние значително го зголемивме борбеното ниво на нашите ВВС откако ги опремивме со современи авиони, поточно со Су-30МК2“, изјави министерот во Каракас денес на разговорите со шефот на руската одбрана генералот на армија Сергеј Шојгу.  „На полето на ПВО, истакна венецуелскиот министер, ние бевме практично беспомошни. Но, откако добивме некои средства за електронско разузнавање и ракетни системи, ние можеме да дадеме адекватен одговор на секоја закана.“ 

Генералот Лопез истакна дека неговите вооружени сили се многу заинтересирани за помош од Министерството за одбрана на РФ, особено на полето на изградба на системи за логистика во врска со преминот на армијата на нов систем за заднинско снабдување. Toj ги покани претставниците на MO на РФ да земат учество во воените маневри во текот на кои ќе биде реализирано боево гаѓање од повеќеракетните системи „Смерч“. 

Тој исто така го замоли Шојгу „да му пренесе на претседателот на Русија дека може да смета на Венецуела“, изјави министерот за одбрана на Венецуела. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.