Претседателот на САД Барак Обама му телефонираше во вторникот вечерта на рускиот лидер Владимир Путин и побара од него да се искористат шансите за преговори „во нормандискиот формат“ за решавањето на прашањето за Украина. Средбата со учество на Путин, канцеларката на Германија Ангела Меркел , претседателот на Франција Франсоа Оланд и претседателот на Украина Петро Порошенко е закажана за среда.
Соопштението на Белата куќа за разговорот на Обама со Путин го пренесува Ројтерс: „Претседателот Обама укажа на растот на човечки жртви во текот на борбените дејствија и ја истакна важноста за претседателот Путин да ја искористи шансата што се дава со денешните разговори со учество на Русија, Франција, Германија и Украина за постигнување мирно решение.“
Притоа првиот човек на САД напомна: „Доколку Русија ги продолжи агресивните дејства во Украина, вклучувајќи испраќање трупи, оружје и финансирање на сепаратистите, тогаш цената за Русија ќе порасне.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче