Институциите на ЕУ засега не ја разгледуваат можноста за забрана на користење на SWIFT за Русија, им изјави во средата на новинарите високопозициониран функционер на ЕУ повикувајќи се на анонимност, пренесува INTERFAX.RU.
„Засега ова не се разгледува од институциите на ЕУ, но повеќе не сакам да шпекулирам на оваа тема“, им рече соговорникот на медиумите одговарајќи на прашањето дали можат да доведат до таква одлука пропаѓањето на преговорите во Минск и понатамошната ескалација на истокот на Украина.
Прашањето за исклучување на Русија од SWIFT многупати беше поставувано при дискусиите за можните европски санкции. Премиерот на РФ Дмитриј Медведев изјавуваше дека Кремљ жестоко ќе одговори на таквиот чекор. „Во случај на донесување такви одлуки би сакал да истакнам дека нашата економска реакција, а и секоја друга, ќе биде без ограничувања", изјавуваше Медведев.
Банката на Русија во декември 2014 година им понуди на кредитните институции нов сервис за трансфер на финансиски операции во форматот на SWIFT за внатреруски операции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче