Украина побара од Русија реструктуирање на долгот

Украина се обрати до Русија со молба за реструктуирање на долгот, меѓутоа РФ е заинтересирана за враќање на паричните средства вложени во еврообврзници.

Украина се обрати до Русија со молба за реструктуирање на долгот, меѓутоа РФ е заинтересирана за враќање на паричните средства вложени во еврообврзници и не е подготвена за враќање на рати или одложување на овие обврски, изјави пред новинарите министерот за финансии на РФ Антон Силуанов, пренесува INTERFAX.RU.

„Украина се обрати со барање за реструктуризација на долгот. Јас имав разговори со мојот украински колега“, изјави тој.

„Повратот на нашите ресурси кои некогаш биле вложени во облигации на друга земја е многу важен, затоа ние не сме подготвени за одлагање или на враќање на рати“, истакна тој.

Силуанов истакна дека разговорите се одржале минатиот месец. Според министерот, руската страна искажала збунетост поради тоа што во буџетот што го усвои Украина за тековната година не се наведени средства за отплата на обврските кон Русија во износ од $3 милијарди долари во декември. „Украинските колеги ме убедија дека тие пари ги има во буџетот, од друга страна се обратија со предлог за  реструктуирање на тој долг“, изјави тој.

Според него, сите девизни приходи во буџетот се важни. Средствата кои треба да пристигнат  во декември од Украина за враќање на долгот веќе се пресметани во „плановите, во платниот биланс и во буџетот“.

Сепак, според украински извори, Украина не се обратила до Русија со такво барање. Ова денес го соопштија од прес-службата на Министерството за финансии на Украина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња