Обама го кажа рокот на антируските санкции

Рестриктивните мерки против РФ треба да важат сѐ додека Москва не ги исполни обврските согласно Минската спогодба, изјави во понеделникот во текот на прес-конференцијата претседателот на САД Барак Обама, јавува INTERFAX.RU

Рестриктивните мерки против РФ треба да важат сѐ додека Москва не ги исполни обврските согласно Минската спогодба, изјави во понеделникот во текот на прес-конференцијата претседателот на САД Барак Обама,   јавува INTERFAX.RU

„Ние се договоривме (со сојузниците) дека санкциите против Русија треба да останат на сила сѐ додека РФ не ги исполни своите обврски (околу ситуацијата во Украина)", истакна Обама.

„Заедно со своите сојузници од НАТО ние ќе продолжиме да го зајакнуваме нашето присуство во Централна и Источна Европа. Ќе соработуваме со ММФ и со другите партнери со цел да ѝ се дадат на Украина крајно важната финансиска поддршка и помош за спроведување на економските реформи и реформите за борба против корупцијата“, рече американскиот лидер.

Обама исто така подвлече дека продолжувањето на сегашната политика во однос на Украина од страна на властите во РФ сериозно ќе се одрази врз благосостојбата на Русија.

„Доколку Русија продолжи со сегашниот курс кој им нанесува штета на руската економија, на рускиот народ, како и сериозна штета на Украина, изолацијата на Русија ќе се засили како од политичка, така и од економска гледна точка“, изјави тој за новинарите.

 „Додека дипломатските напори (за решавање на ситуацијата на истокот на Украина) траат оваа недела, ние во целост се согласуваме дека не можеме во XXI век да останеме рамнодушни и едноставно да дозволиме да се прецртаат границите на Европа под закана со оружје“, истакна претседателот.

Притоа Обама подвлече дека САД и ЕУ ќе продолжат да работат на изнаоѓање дипломатско решение за конфликтот на истокот на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња