Од 9 до 13 февруари шест македонските производители на вино учествуваат на 22 меѓународен саем на прехранбени производи, пијалаци и суровина за нивно производство ПРОДЕКСПО кој се одржува во Москва.
ПРОДЕКСПО е еден од најголемите саеми за прехранбени производи во Русија, кој е обележан со знаци на Светската асоцијација за изложбена индустрија (UFI) и на Рускиот сојуз за изложби и саеми. Оваа година своите најдобри мостри од прехранбените производи и пијалаци, најновата технологија и достигнувањата ќе ги претстават 1.997 компании од 65 земји на територија од повеќе од 100.000 квадратни метри. Она по што се одликува ПРОДЕКСПО е големиот број национални експозиции. Во 2015 година на саемот на државно ниво се претставуваат компании од 31 земја, меѓу кои и од Македонија.
Македонските компании за првпат учествуваа на ПРОДЕКСПО во 2012 година. Организатор и посредник на македонското учество е македонско-руската стопанска комора, со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче