Собјанин: третина од целиот научен потенцијал на Русија е сконцентрирана во Москва

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин честитајќи го Денот на руската наука, изјави дека во Москва работат речиси 300 илјади истражувачи и 800 илјади научни организации, пренесува ТАСС.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин им го честита на граѓаните и работниците во индустријата Денот на руската наука, пренесува ТАСС.

Заедно со претседателот на управата на ООО „УК "РОСНАНО“ Анатолиј Чубајс тој ја посети научно-производствената зона „Техноспарк" во Троицк во Нова Москва. „Во Москва работат речиси 300 илјади истражувачи и 800 илјади научни организации. Третина од вкупниот научен потенцијал се наоѓа во главниот град“, рече Собјанин.

Според него, во главниот град работат 12 истражувачки центри. Градоначалникот соопшти дека последниве години главниот град активно ги поддржува современите технолошки зони, давајќи им сериозни даночни олеснувања. „Во Москва е создаден еден технополис и шест технопаркови, при што со учество не само на градот, но и на приватни компании", додаде градоначалникот.

Управата на Москва и ОАО „РОСНАНО“ потпишаа договор за соработка во областа на развојот на иновативни територијални кластери во главниот град.

Производствената зона „Техноспарк" се наоѓа во јужниот дел на Троицк, а служи за обезбедување објекти, инфраструктура и сервисни услуги за организација на високотехнолошко производство. Обемот на инвестиции во создавањето на научно-производствената зона „Техноспарк" изнесуваше 1,8 милијарди рубли, а од тоа инвестицијата на ОАО „РОСНАНО"  во износ од 1 милијарда рубли.

Во моментов во „Техноспарк" се сместени десет технолошки компании и 42 старт-апи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.