Речпосполита: Путин победува на сите фронтови

Разговорите во Москва за деескалација на конфликтот во Украина сведочат за победата на Русија, пишува полскиот весник Речпосполита, а пренесува РИА Новости.

Разговорите во Москва меѓу Ангела Меркел, Франсоа Оланд и Владимир Путин за деескалација на конфликтот на југоистокот на Украина сведочат за победата на Русија. Ова го напиша полскиот новинар Анджеј Белецки во својата статија за полскиот весник Rzeczpospolita, информира РИА Новости.

Авторот истакнува дека Владимир Путин ги победува своите европски колеги од симболичен, стратешки, економски и тактички аспект. Според мислењето на Белецки, за успесите на Путин говори  пред сѐ тоа што тој успеа да ја натера германската канцеларка да дојде во Москва, нешто што таа одбиваше да го направи цела година.

Тој исто така забележува дека првите луѓе на Франција и Германија ја поддржале позицијата на РФ по прашањето за зачленување на Украина во НАТО и го сметаат за неприфатливо влегувањето на земјата во Северноатлантската алијанса. Притоа, според мислењето на Белецки, самиот факт за разговорите кои се одржаа во Москва кажува за тоа дека украинската криза ја „подели“ Европа на два кампуса – во разговорите не зедоа учество земјите кои се залагаат за испорака на оружје за Украина, меѓу кои е и Полска, како и Велика Британија и САД.

Покрај ова, новинарот истакнува дека Советот на ЕУ веќе не настапува едногласно за  продолжување на економските санкции против РФ.

Ситуацијата во Украина станува сѐ подраматична, што порано или подоцна ќе доведе во иднина до митинзи против активните киевски власти, смета авторот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња