Украинската криза е резултат на мешањето на САД и нивните западни сојузници во внатрешните работи на Украина, во наведената криза не постои руска вина. Ова го изјави претседателот на РФ Владимир Путин во интервјуто за египетскиот дневен весник „Ал-Ахрам“ на прагот на неговата посета на Каиро, соопштува INTERFAX.RU
„Украинската криза не настана по руска вина. Таа стана последица од постапките на САД и нивните западни сојузници кои се сметаа себеси за победници во „студената војна“ да ја наметнуваат својата волја насекаде“, рече Путин.
„Празни зборови се покажаа ветувањата на Северноатлантскиот пакт, дадени уште на советското раководствко, за неширењето кон Исток. Ние видовме како натовската инфраструктура сѐ поблиску се префрла кон руските граници, како се игнорираат интересите на Русија“, изјави претседателот на РФ.
„Во рамките на програмата на Европската Унија „Источно партнерство“ беа направени обиди да се оттргнат низа држави од поранешниот СССР од Русија, да бидат поставени пред вештачки избор – со Русија или со Европа. Кулминација на тие негативни тенденции стана украинската криза. Ние многупати ги предупредувавме САД и нивните западни партнери за погубните последици од мешањето во внатрешните работи на Украина, но тие не го послушаа нашето мислење“, изјави претседателот на РФ.
„Сега треба да се направи сѐ за страните во конфликтот да седнат на масата за преговори“, истакна рускиот лидер. „Очигледно кризата ќе трае сѐ додека самите Украинци не се договорат меѓу себе, додека не биде завршено со дивеењето на радикализмот и национализмот, а општеството консолидирано околу позитивни вредности и автентичните интереси на Украина“, смета Путин.
„Затоа е потребно властите во Киев да го послушаат својот народ. Да најдат заеднички јазик и да се договорат со сите политички сили и региони во земјата. Да изнајдат таква формула за уставно уредување со која би било безбедно и комфорно за живеење за сите граѓани, со која во целосен обем би се почитувале правата на човекот“, рече претседателот.
Претседателот на РФ подвлече дека „Украина нагло се милитаризира“. Притоа економијата на Украина „се наоѓа во крајно жална состојба и се одржува во основа благодарение на меѓународни, меѓу другото и руски, средства.“
„Несомнено, тоа многу нѐ тревожи. Се надеваме дека здравиот разум ќе надвладее“, истакна Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче