Песков ги демантира информациите на медиумите за „ултиматумот“ на Меркел

Да се разговара со претседателот на Русија Владимир Путин со јазик на ултиматуми е невозможно, изјави прес-секретарот на шефот на државата Дмитриј Песков, соопштува INTERFAX.RU.

Да се разговара со претседателот на Русија Владимир Путин со јазик на ултиматуми е невозможно, изјави прес-секретарот на шефот на државата Дмитриј Песков, соопштува INTERFAX.RU.

Тој ги коментираше информациите што се појавија во западните медиуми дека канцеларката на Германија Ангела Меркел во текот на средбата со претседателот на Русија во петокот во Кремљ наводно му дала ултиматум со тоа што изјавила дека тој треба да се согласи со мировниот план за украинскиот конфликт што го предложиле Германија и Франција.

„Сите ние веќе кажавме за тонот на разговорите. Никој никогаш не разговарал и колку и да сака не може да разговара со претседателот со ултимативен тон“, рече Песков за радиостаницата „Зборува Москва“.

Претходно, коментирајќи ја средбата што се одржа во Кремљ меѓу Путин, Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд, во Москва, Берлин и Париз изјавија дека разговорите биле „содржајни и конструктивни“.

Разговорот продолжи во неделата и страните се договорија да ги одржат разговорите во „нормандиски формат“ в среда во Минск.

Меѓутоа, во странските медиуми повикувајќи се на западни дипломатски извори се појави информација дека Ангела Меркел наводно се заканила со воведување нови санкции против руските компании и да го прошири списокот на лица чии сметки во странство можат да бидат замрзнати, доколку на самитот во Минск на  11 февруари руската страна ги отфрли новите мировни предлози на Германија и Франција.

Згора на тоа, се тврдеше дека канцеларката на Германија се заканила дека ќе ја промени позицијата во врска со испораката на оружје за Украина и дека ќе ја поддржи идејата на САД за воена помиш на Киев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња