Трговската размена меѓу Русија и Кина во јануари се намалила за третина

Обемот на руско-кинеската трговија се намалила во јануари 2015 година, на годишно ниво за 36,4 проценти – на 33,2 милијарди јуани (5,3 милијарди долари), известува ТАСС.

Обемот на руско-кинеската трговија се намалила во јануари 2015 година,  на годишно ниво за 36,4 проценти – на 33,2 милијарди јуани (5,3 милијарди долари). За ова информира во неделата, 8 февруари, ТАСС повикувајќи се на Главната царинска управа на Кина.

Извозот на кинеско производство во Русија се намалил за 42,1 проценти – на 17,3 милијарди јуани (2,8 милијарди долари), увозот на стоки од РФ за наведениот период се намалил за 28,7 проценти – на 15,9 милијарди јуани (2,5 милијарди долари).

Во моментов Кина е најголем трговски партнер на Русија, додека РФ по обемот на трговската размена го зазема деветтото место меѓу партнерите на Кина. Во 2014 година обемот на трговија меѓу двете земји порасна за 6,8 проценти на 95,28 милијарди долари. Во мај 2014 година министерот за енергија на РФ Александар Новак изјави дека Русија сака двојно да ја зголеми трговската размена со Кина до 2020 година - на 200 милијади долари.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.