Русија во 2014 година трета по производство на нафта во светот

Русија според резултатите од 2014 година го зазема третото место на списокот на најголеми во светот земји-производители на нафта, информира РИА Новости.

Русија според резултатите од 2014 година го зазема третото место на списокот на најголеми во светот земји-производители на нафта, информира РИА Новости. 

Руските нафтени компании заедно произведуваат 10,6 милиони барели на ден, се вели во денешните објавени материјали на економски експерти на Си-Ен-Ен. 

Првото место на крајот на годината припаѓа на САД кои произведувале 12,4 милиони барели црно злато на ден. На второто место е Саудиска Арабија со 11,6 милиони барели. Во 2013 година арапската држава го заземаше првото место по обемот на производство на нафта.

Зад Русија во топ-10 се Кина со 4,4, милиони барели на ден, потоа Канада со 4,0, Иран со 3,2, Ирак, ОАЕ, Мексико и Кувајт.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња