Путин: Средба во „нормандиски формат“ е планирана за среда

Путин, Оланд, Меркел и Порошенко в среда, 11 февруари, ќе се сретнат во Минск во „нормандиски формат“ и ќе дискутираат за Украина, соопштува INTERFAX.RU

Претседателот на Русија Владимир Путин, претседателот на Франција Франсоа Оланд, канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Украина Петро Порошенко в среда 11 февруари ќе се сретнат во Минск  во „нормандиски формат“ и ќе дискутираат за решавање на конфликтот во Украина, соопштува INTERFAX.RU

Како што изјави рускиот лидер, шефовите на државите во текот на денешниот телефонски разговор се договориле да одржат средба по усогласувањето на низа позиции.“

„Би сакал да ве информирам дека штотуку заврши разговорот со колегите од  Киев, Берлин и Париз во таканаречениот „нормандиски формат“. Ние се договоривме да се потрудиме да организираме средба во истиот формат меѓу шефовите на државите и владите во Минск, ќе се фокусираме тоа да биде среда доколку дотогаш успееме да усогласиме низа позиции кои во последно време интензивно ги разгледувавме“, изјави Путин денеска на средбата со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Александар Лукашенко увери дека Минска ќе ја организира средбата за постигнување „мир во заедничката куќа“.

Но првин, во понеделник, 9 февруари, во Берлин ќе се одржи подготвителна средна на ниво на заменици-министри на МНР. Како што соопшти руски дипломатски извор, РФ ќе биде претставувана од државниот секретар – заменик-министер во МНР Григориј Карасин, кој последниве денови раководи со работата врз текстот на новиот план за украинското решение заедно со надворешнополитичките експерти од Германија и Франција.

Се претпоставува дека експертите останале во Москва по посетата на рускиот главен град од страна на Оланд и Меркел кои допатуваа на разговори со Путин во петокот. За конкретниот исход од петчасовните разговори не беше соопштено ништо.

Потоа во вторник, 10 февруари, во Минск треба да се одржи состанок на  Контакт-групата за украинскиот конфликт. Како што се истакнува во соопштението на прес-службата на Кремљ, целта е да со подготват услови и суштинска содржина за планираната средба на највисоко ниво во „нормандиски формат“.

Според изворот во групата за организација на разговорите, на состанокот на Контакт-групата се очекуваат политичките претставници на самопрогласените  ЛНР и ДНР. Изворот исто така соопшти дека теми на разговорите ќе бидат прекинот на огнот, контрола на почитувањето на Минската спогодба и, веројатно, статусот на Донбас.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња