Во западните земји расте разбирањето за потребата од откажување од неосновани обвинувања во врска со ситуацијата во Украина и за започнување разговор за создавање одржлив систем за европска безбедност, изјави денес пред новинарите во Минхен првиот човек на МНР РФ Сергеј Лавров, соопшти РИА Новости.
„Украинската криза беше присутна без исклучок во сите дебати и, искрено, кај многумина емоциите преовладуваа пред желбата реално да се помогнат напорите за решавање на кризата. Но во текот на многубројните билатерални контакти, кои беа повеќе од петнаесет, со истакнати министри за надворешни работи – меѓу другите и на Германија, САД, Италија, Австрија, Србија, други земји, со претседателот на Словенија, премиерот на Либан, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, директорот на меѓународната агенција за атомска енергија, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, генералниот секретар на НАТО и редица други учесници – јас почувствував поинакво располежение, како и разбирање дека да се пумпа јавноста со емоции, неосновано да се осудува и да се повикува на казнување - тоа е пат кој не води никаде", рече тој.
„Во билатералните формати имаше конкретни интересни разговори за тоа дека треба да се реши проблемот со кризата во Украина, затоа што гинат луѓе, се уништува земјата, но, освен тоа, имаше и разговори за тоа како да се направи на начин на кој европскиот безбедносен систем да биде одржлив, сигурен, отпорен на секакви потреси, за да не остава простор кој би бил сива зона, продолжи министерот. – Таков интерес постои.“.
Ние ќе продолжиме да дискутираме со нашите партнери околу сите овие задачи: и задачи на непосреден план, и стратешки задачи, - укажа Лавров. Ќе градиме соработка за формирање на единствен економски и хуманитарен простор, кој би се потпирал на принципот на неделива и подеднаква безбедност на нашиот заеднички регион. Оваа идеја не толку одамна беше примана мошне скептично, а сега наидува на поддршка што расте, меѓу другото и затоа што се однесува на директниот дијалог меѓу ЕАЕС и ЕУ.“
Исто така, шефот на МНР Русија изјави дека мнозинството европски политичари негативно ја оценуваат можноста за испорака на оружје за Украина, и во тоа позицијата на Русија и на европските колеги се совпаѓа. „Тоа е идеја која само може да доведе до продлабочување на длабоката украинска криза“, изјави Сергеј Лавров пред новинарите на маргините на Минхенската конференција за безбедност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче