Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис изјави за подготвеноста да распореди на својата територија руски авионски и поморски бази, соопштува агенцијата Ксинхуа повикувајќи се на кипарските медиуми. Договорот за воена соработка на двете држави треба да биде потпишан во текот на посетата на првиот човек на Кипар на Москва на 25 февруари 2015 година.
„Постои стар (одбранбен) договор, кој треба да биде обновен како што е. Истовремено ќе бидат понудени некои дополнителни услуги исто како што правиме и со други земји, на пример, со Франција и Германија“, изјави Анастасиадис.
Се претпоставува дека Воздушните сили на Русија ќе ја користат авиобазата „Андреас Папандреу“ која се наоѓа заедно со меѓународниот аеродром на градот Патос на југозападот на островот, 50 километри од авиобазата на британската кралска авијација „Акротири“.
ВМФ на Русија ќе добие можност на редовна основа да ја користи базата „Лимасол“.
„Кипар и Русија традиционално одржуваат добри односи и тоа не е предмет на промена“, рече Анастасиадис.
За заинтересираноста на Русија за распоредување воена база на Кипар на почетокот на годината за Кипарската новинска агенција даде изјава амбасадорот на Русија на островот Станислав Осадчиј. Тогаш тој истакна дека „во дадениов момент задачата на МНР е да подготви билатерални договори кои ќе бидат потпишани во текот на посетата на Анастасиадис на Москва.“
Минатата година на руската војска ѝ беше дадена можноста во полна мера да ја користат кипарската авиобаза и главното пристаниште во Лимасол, соопшти cyprusrussianbusiness.com. Во јануари 2014 година Министерството за одбрана на Кипар соопшти дека користењето на авиобазата „Андреас Папандреу“ е можно само за пружање итна помош и учество во хуманитарни мисии.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче