Завршија разговорите на Путин, Меркел и Оланд за Украина

Во Кремљ завршија разговорите за мирно решавање на конфликтот во Украина меѓу претседателите на Франција, Германија и Русија, информира INTERFAX.RU.

Во Кремљ завршија разговорите за мирно решавање на конфликтот на југоистокот на Украина во кои зедоа учество претседателот на Франција Франсоа Оланд, канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на РФ Владимир Путин, информира INTERFAX.RU. 

Раговорите на лидерите на трите земји траеја повеќе од пет часа. По нивното завршување не беа дадени никакви официјални изјави.

Лидерите на Франција и Германија по полноќ по московско време го напуштија Кремљ и заминаа на аеродром, им соопшти на новинарите секретарот за печат на претседателот на РФ Дмитриј Песков. Тој ја окарактеризира одржаната средба како „содржајна и конструктивна“.

Притоа Песков истакна дека контактите ќе бидат продолжени, а резултатите од нив ќе бидат резимирани в недела во текот на телефонскиот разговор во „нормандиски формат“ (Украина, РФ, Франција, Германија).

Европските лидери допатуваа в Москва во петокот вечерта во блиц-посета со цел разгледување на начините за решавање на кризата во Украиниа.

Претходно во Киев зад затворени врати тие одржаа разговори со претседателот на Украина Петро Порошенко. По  четиричасовниот разговор без какви било изјави лидерите на Германија и Франција отпатуваа во своите главни градови за подоцна за помалку од 24 часа да се сретнат веќе во Москва.

Како што информираше порталот на Дојче Веле, Меркел и Оланд ја донесоа на средбата со Путин усогласената во Киев со претседателот на Украина Петро Порошенко нова иницијатива за мирно решение за Донбас.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња