Саакашвили: украинската војска „ќе може да ја освои и цела Русија“

Бившиот претседател на Грузија Михаил Саакашвили изјави за украинскиот Телеканал 24 дека украинската војска е способна „да ја освои цела Русија“, соопшти РИА Новости

Бившиот претседател на Грузија Михаил Саакашвили изјави во програмата на украинскиот Телеканал 24 дека украинската војска е способна „да ја освои цела Русија“, соопшти РИА Новости. 

„Доколку ѝ се дадат неопходните знаења, вештини и оружје, таа ќе може и цела Русија да ја освои“, рече тој.

Според политичарот, најмногу што им пречи на вооружените сили на Украина е застареното противтенковско оружје.

„Но поново има во САД и, доколку тие го испорачат, Украина ќе ги уништи крене во воздух првите 50 руски тенкови и сѐ ќе биде сосем поинаку“, претпоставува тој. Саакашвили смета дека САД се подготвени да дадат и беспилотни летала и артилерија за зголемување на борбената способност на украинската армија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња