Руски јазик во 2015 година ќе полагаат над 3 милиони мигранти

Над 3 милиони странци ќе полагаат тест за познавање на рускиот јазик за работа во Русија, соопштија денес за „Интерфакс“ Федералната служба за миграција на РФ.

Над 3 милиони странци ќе полагаат тест за познавање на рускиот јазик за работа во Русија, соопштија денес за „Интерфакс“ од прес-службата на Федералната служба за миграција на РФ.

„Во 2015 година во тестирањето треба да учествуваат околу 3,4 милиони странски државјани, од кои на околу 1,5 милиони лица ќе им биде потребна дополнителна подготовка“, рекоа од службата за миграција.

Од ФМС изјавија дека во земјата се наоѓаат речиси 11 милиони странски државјани, од кои речиси 2,5 милиони се печалбари.

Се тестираат мигранти од безвизните земји кои имаат намера да добијат лиценца за работа во Русија.

Од прес-службата изјавија дека ФМС извршила мониторинг на неопходниот број центри за тестирање на печалбарите за познавање на рускиот јазик, историјата на Русија и основите на законодавството во сите региони на земјата. Резултатите од мониторингот се испраќаат во Министерството за образование и наука.

Од ФМС изјавија дека во Оренбург и Тамбов се формирани центри за социјална адаптација на странци. Центрите имаат пробна улога.

„Според проценките на научното и педагошко здружение на Русија, за успешно полагање на сложениот испит на еден неподготвен мигрант му е потребен еден месец учење со отсуство од работа. Денес во Русија функционираат 334 курсеви за странци за учење на рускиот јазик, историјата и основното законодавство на Русија. Од нив 108 се формирани со директна поддршка од ФМС на Русија и се бесплатни за курсантите“, рекоа од прес-службата.

Многумина мигранти работат во Русија илегално (годишно од 3 до 5 милиони) и се занимаваат со сива економија. Околу 600 илјади безвизни мигранти го прекршуваат рокот за престој во Русија. Притоа многу често мигрантите се слабо интегрирани во руското општество, врз основа на илегална миграција неретко се случува етнички криминал. На пример, криминали извршени од мигранти предизвикаа низа големи нереди во Москва.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.