Претседателот на Франција Франсоа Оланд предупредува на можноста за војна доколку не се постигне договор за Украина, информира денес Le Figaro, а пренесува INTERFAX.RU
„Мислам дека ова е последната шанса. Ако не успееме да дојдеме до долготраен мировен договор, прекрасно го знаеме идното сценарио: си има свој наслов, тоа сценарио се вика војна“, ги цитира весникот зборовите на Оланд.
Вака претседателот на Франција ја коментираше вчерашната посета на Москва во текот на која дискутираше за украинската криза заедно со претседателот на Русија Владимир Путин и канцеларката на Германија Ангела Меркел.
Меѓутоа, претходно Меркел изјави неувереност во однос на успехот на оваа посета.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче