Путин: Русија нема да се потчини на светски поредок со еден лидер

На Русија не ѝ одговара светски поредок со еден неприкосновен лидер кој смета дека може да прави сѐ, а другите само она што ќе им дозволи тој“, изјави претседателот Владимир Путин, а пренесува INTERFAX.RU

На Русија не ѝ одговара светски поредок со еден неприкосновен лидер кој смета дека може да прави сѐ, а другите само она што ќе им дозволи тој“, изјави претседателот Владимир Путин, а пренесува INTERFAX.RU

„Околу тоа, дека против нашата земја се води војна. Војна, фала му на Бога, нема. Но, апсолутно е точно дека има обид да се задржи нашиот развој со различни средства, има обид да се „замачка“ постојниот, воспоставен во последниве децении по распадот на Советскиот Сојуз светски поредок на чело со еден неприкосновен лидер кој сака да остане во својство на таков. Сметајќи дека нему му е дозволено сѐ, а на другите само она што тој ќе го дозволи, и само во негов интерес. Таков светски поредок на Русија никогаш нема да ѝ одговара“, рече Путин во Сочи на конгресот на Федерацијата на независни синдикати на Русија.

Тој призна дека антируските санкции ѝ нанесуваат определена штета на земјата, меѓутоа крајниот исход не може да биде ефективен кога станува збор за таква држава како што е Русија.

„Обидите кои се прават, меѓу другото и со таканаречените санкции, на крај, мислам, никому нема да му донесат радост. Во однос на земја како нашата, тие никако не можат да бидат ефективни, иако ни нанесуваат определена загуба и штета и ние треба да го сфатиме тоа и, сфаќајќи го, треба да го подигнеме нашето ниво на суверенитет, меѓу другото, и во сферата на економијата“, рече Путин.    

„Доколку некому му се допаѓа тоа и сака да живее во услови на полу-окупација, ние нема да го сториме тоа. Но и немаме намера да војуваме против некого, ние имаме намера да соработуваме со сите“, истакна рускиот лидер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња