Ижевската фабрика за автомобили (припаѓа на групацијата „АвтоВАЗ“) започна денеска со пилот-производство на автомобилот Лада Веста, соопшти дописникот на „Интерфакс“ од церемонијата за почеток на производството. Протоколот за почеток на пилот-производството го потпишаа првиот човек на Удмуртија Александар Соловјев и претседателот на „АвтоВАЗ“ Бо Андерсон.
Склопувањето на моделот се врши на нова линија проектирана според стандардите на алијансата Рено-Нисан-АИМС. „Тоа овозможува склопување на иста линија на неколку автомобили направени на различни платформи. Во моментов на лентата за склопување одат автомобилите Нисан Сентра и Лада Гантра. Со почетокот на производството на Лада Веста Ижевската фабрика за автомобили ќе стане единствената фабрика што произведува на иста линија автомобили конструирани врз три платформи“, изјави претставник на компанијата.
Автомобилот е конструиран врз платформата Lada B, која се планира да се унапреди во сегмент C. Лада Веста ќе биде опремена со два типа менувачи – МКПП и РКПП (механички и автоматски). Се планира моделот да се произведува со три нивоа на опрема – „Стандард“, „Норма“ и „Лукс“.
Претходно беше соопштено дека официјалниот старт на сериското производство на Лада Веста во Ижевската фабрика за автомобили е предвиден за 25 септември 2015 година.
Во 2015 година Ижевската фабрика за автомобили планира да произведе 106 илјади автомобили, што е за 1,4 пати повеќе од 2014 година. Овој показател ги опфаќа моделите Нисан Сентра, Нисан Тиида, Лада Гранта Лифтбек, Лада Веста, како и обичниот седан Лада Гранта, кого претпријатието периодично го произведува, односно кога ќе се појави потреба на пазарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче