Доларот и еврото опаднаа на Московската берза на почетокот на тргувањето денеска, а рубљата зајакна со растот на цените на нафтата, информира INTERFAX.RU
Тргувањето со доларот започна во петокот со зделки во границата од 65,68-66 рубли, просечно за минута и половина курсот изнесуваше 65,9 рубли што е за 70 копејки пониско од претходното затворање на берзата. Еврото притоа чинеше 75,53 рубли, паѓајќи за 92 копејки. Вредноста на двовалутната кошничка ($0,55 и EUR0,45) се намалија за 80 копејки, на 70,24 рубли.
Доларот притоа се најде за 2,71 рубли пониско од реалниот официјален курс, еврото – за 3,41 рубли пониско од официјалниот курс.
Зајакнувањето на рубљата во однос на доларот и еврото е поврзано со забележливиот пораст на цените на нафтата. Индексните фјучерси за нафтата „Брент“ утрово на лондонската берза ICE Futures се зголемени за над 2%, околу $58 за барел. Порастот на цената на нафтата започна синоќа, на крајот на четврток вредноста на договорите скокна за $2,41 (4,45%) и изнесуваше на затворањето на берзата $56,57 за барел. Притоа нестабилноста на нафтениот пазар е на рекордно ниво во последниве шест години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче