Планот на Оланд и Меркел се базира на предлозите на Путин

Претседателот на Франција Франсоа Оланд и канцеларката на Германија Ангела Меркел имаат намера денес да му претстават на рускиот претседател Владимир Путин план кој се базира на неговите претходни предлози за решавање на украинската криза, информира британскиот весник The Independent, а пренесува INTERFAX.RU

„Како што изгледа, планот ќе се базира на иницијативата од девет точки претходно предложена од господинот Путин, која госпоѓата Меркел и господинот Оланд ја дополниле со одредби од други мировни планови, како на пример со поширока автономија за некои области на истокот на Украина“, пишува изданието.

Според проценките на весникот, изјавата дадена претходно од Оланд за тоа дека Франција се залага против стапувањето на Украина во НАТО, може да влезе во француско-германскиот план и да стане „определена гаранција“.

Оваа недела Путин испрати до Париз и Берлин свои предлози за решавање на конфликтот во Украина кои предвидуваа давање поголема автономија на приврзаниците на самопрогласените републики и признавање на нивната контрола над голем дел од  територијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.