Украина побара екстрадиција на Јанукович од Русија

Државниот обвинител на Украина Виталиј Јарема побарал од рускиот колега Јуриј Чајка екстрадиција на Виктор Јанукович, информира INTERFAX.RU

Државниот обвинител на Украина Виталиј Јарема изјави дека се обратил до рускиот колега Јуриј Чајка со барање за екстрадиција на Виктор Јанукович во Украина, информира INTERFAX.RU.

„Се обратив до државниот обвинител на Руската Федерација Чајка со барање да го екстрадираат во Украина“, изјави Јарема, зборувајќи во Врховната рада во петокот.

Според неговите зборови, донесувањето на законот за судење во отстуство и донесување пресуда од страна на парламентот ќе овозможи да се поднесат до судот кривичните пријави кои се однесуваат на Јанукович и неговите „помагачи“.

Истовремено тој истакна дека само пред неколку дена беше поднесена пријава со која Јанукович се сомничи според член 255 (формирање злосторничко сдружение).

На 12 јануари министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков соопшти дека посебната комисија на Интерпол објавила меѓународна потерница по поранешниот претседател на Украина  Виктор Јанукович, неговиот син Александар Јанукович, екс-премиерот Николај Азаров и други поранешни високи функционери.

Јанукович ја напушти Украина по масовните протести на крајот на февруари 2014 година. Подоцна тој изјави дека бил принуден да го стори тоа затоа што се плашел за својот живот и животите на своите блиски. Во татковината против него се поднесени неколку кривични пријави. Истовремено, не е познато каде се наоѓа во моментов поранешниот претседател на Украина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.