САД нема да ѝ дозволат на Русија да ја прекројува картата на Европа, изјави потпретседателот на САД Џозеф Бајден. „Не смее да ѝ се дозволи на Русија да ја прецртува картата на Европа. Тоа е токму она што тие го прават“, рече тој во петокот на прес-конференција во Брисел, известува INTERFAX.RU.
Според тврдењето на потпретседателот на САД, Русија користи две нови агресивни форми на надворешна политика - оружје и енергија.
Бајден исто така истакна дека Русија продолжува да го интензивира конфликот во Донбас испраќајќи на истокот на Украина луѓе и оружје, додека „Украинците се борат да преживеат“. Покрај тоа, потпретседателот на САД го обвини руското раководство за игнорирање на спогодбите кои Москва ги потпишала во минатото, како и на меморандумот од Минск.
Притоа руското раководство многупати зборувало за неоснованоста на обвинувањата за испраќање на војници од РФ во Украина.
„Ние, САД и цела Европа сме должни да бидеме со Украина во овој момент. На Украина ѝ е потребна наша финансиска помош додека ги спроведува реформите“, додаде Бајден.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче