Патничкиот авион Ту-214 ќе биде опремен со систем за електронско војување кој АД „Концерн Радиоелектронски технологии“ (КРЕТ) го разработува заедно со КБ АД „Туполев“, информира весникот „Воено-индустриски курир“ повикувајќи се на првиот заменик-директор на КРЕТ Игор Насенков.
„Веќе имаме идеен проект“, изјави тој. Насенков додаде дека новиот систем ќе овозможи реализација како на индивидуална, така и на групна заштита на авијациската техника од зоните на патролирање.
„Поаѓајќи од зададените тактичко-технички карактеристики, системот нема слични на него во светот“, изјави Насенков.
Патничкиот авион Ту-214 претставува подобрена верзија на авионот Ту-204-100 со зголемена полетна маса и зголемен опсег на летање. На базата на Ту-214 е создаден Ту-214Р – авион за електронско и опто-електронско извидување, како и Ту-214ОН („Отворено небо“), наменет за воздушно набљудување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче