Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Стандард и Пурс во средата направи нов рејтинг на најголемите емитенти од Руската Федерација, се вели во соопштението за печат на агенцијата што го пренесува „Интерфакс“.
На пример, долгорочниот и краткорочниот кредитен рејтинг на банката ВТБ и нејзините фирми-ќерки, вклучувајќи ги и Банката на Москва, како и Гаспромбанк и „ВТБ Лизинг“, беа намалени до „BB+/B“, притоа прогнозата за промена на долгорочните кредитни рејтинзи стана „негативна“.
Рејтинзите на Алфа-банк беа намалени на „BB/B“. Истото се случи и со рејтингот на АД „Тенекс-Сервис“.
Рејтинзите на Московската кредитна банка и Промсвјазбанк беа потврдени со тековните оценки, меѓутоа прогнозата за нивна промена е намалена од „стабилна“ на „негативна“.
Покрај тоа, кредитните рејтинзи на руските „ќерки“ на странските банки, меѓу нив се Русфинанс банката, Рајфајзен банката, банката "БНП Париба", „Банк оф Токио-Мицубиши ЈуЕфЏеј“, „Сумитомо Мицуи Рус Банк“, Уникредит банката и Комерцијално-индустриската банка на Кина беа намалени со цел да не го надминуваат суверениот кредитен рејтинг на РФ во странска валута кој се оценува со „BB+“.
На 26 јануари Стандард и Пурс ги намали краткорочниот и долгорочниот кредитен рејтинг на Русија од „BBB-/A-3“ на „BB+/B".
Одлуката на Стандард и Пурс да го намали кредитниот рејтинг на земјата на неинвестициско ниво руското раководство ја нарече „политичка“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче