Русија во јануари 2015 значително го намали увозот на основните прехранбени продукти (во долари) поради продолжените забрани за набавка од низа земји, зголемувањето на вредноста на кредитите и девалвацијата на рубљата, се повикува на податоците од Федералната царинска служба INTERFAX.RU
Увозот на прехранбени производи и суровини за нивно производство од странски земји во јануари 2015 година се намалил за 41,9% - на $1,474 милијарди од $2,537 милијарди во јануари 2014 година.
На пример, увозот на месо и месни производи се намали за 75,6%, на $58,7 милионои. Свинско месо било увезено за $9,9 милиони, што е над 10 пати (за 91%) помалку, отколку во јануари 2014 година. Исто така се намалил увозот на говедско - за 66,4%, на $17,7 милиони (од $52,8 милиони), месо од живина - за 33,1%, на $12,7 милиони (од $19 милиони).
Увозот на риба во јануари се намалил за 58,2%, на $84,1 милиони, меѓу другото, на замрзната риба - за 48,8%, на $34,8 милиони, филети од риба - за 6,6%, на $22,5 милиони.
Увозот на млечни производи во Русија од странство минатиот месец се намали за 78,4%, на $40,1 милиони од $186,1 милиони во јануари 2014 година.
Увозот на зеленчук се намалил за 40,6%, на $131,6 милиони, на овошје и јаткасто овошје - за 47%, на $262 милиони. Набавките на зрнести култури се намалиле за 44,5%, на $20,4 милиони.
Увозот на растително масло се намалил за 12,4%, на $73,9 милиони, на шеќер - за 17,1%, на $70 милиони, на алкохолни и безалкохолни пијалаци - за 48,9%, на $76,7 милиони. Притоа увозот на тутун пораснал за 26,3%, на $79,8 милиони.
Претходните месеци увозот на продукти од странство исто така се намалил, но не толку драматично како во јануари. Во одделни категории бил забележан пораст.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче