РФ поднесе до Советот за безбедност резолуција за спречување на финансирањето на ИД

Русија поднесе до Советот за безбедност на ООН предлог-резолуција за спречување на финансирањето на терористите од групата „Исламска држава“

Русија поднесе до Советот за безбедност на ООН предлог-резолуција за спречување на финансирањето на терористите од групата „Исламска држава“ (ИД), соопшти за Риа Новости прес-секретарот на постојаното претставништво на РФ во ООН Алексеј Зајцев.

„Се подготвува резолуција насочена кон пресечување на изворите на финансирање на ИД. Се надеваме дека ќе биде усвоена во најскоро време“, изјави Зајцев.  

Според неговите зборови, „предлогот е веќе доставен до Советот за безбедност.“ „Во наредните денови ќе биде ставен на гласање“, извести претставникот на мисијата.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња