Рекорден наталитет во Русија

Наталитетот во Русија на крајот на 2014 година достигна рекордно ниво, им изјави на новинарите министерот за труд и социјална заштита Максим Топилин, пренесува INTERFAX.RU.

Наталитетот во Русија на крајот на 2014 година достигна рекордно ниво, им изјави на новинарите министерот за труд и социјална заштита Максим Топилин, пренесува  INTERFAX.RU.

„На крајот на минатата година во Руската Федерација – ние му поднесовме извештај на претседателот – се родиле 1 947 000 деца. Ваков број на раѓања никогаш немало во историјата на Русија“, рече тој на крајот на состанокот на претседателот Владимир Путин со членовите на владата во средата.

Покрај тоа, трета година по ред наталитетот се задржува на едно исто ниво – над 1 900 000 души. Притоа вкупниот коефициент на наталитет, според зборовите на министерот, значително пораснал и изнесува  1,76.

„Минатата година втора година по ред ние утврдивме природен прираст на населението: плус 33 илјади души", продолжи Топилин. Според него, ова не е толку важна бројка, но исто така вреди да се забележи во најновата историја на земјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.