Во 2015 година граѓаните кои се наоѓаат во резервниот состав ќе бидат повикани на воени вежби. Таков указ потпиша претседателот на Русија Владимир Путин. Документот е објавен на информативниот портал за правни информации „Гарант.ру“.
Указот носи датум од 5 февруари и стапува на сила на денот на потпишувањето.
Резервистите се повикуваат во Вооружените сили на Русија, Внатрешните трупи на МВР на Русија, органите за државна заштита и федералната служба за безбедност. Се дозволува да бидат повикани на воена вежба не почесто од еднаш на три години во времетраење од не повеќе од два месеца.
Сите што ќе ја добијат поканата се должни во рок од два дена да се јават на местото на повикот. За нејавување без оправдана причина е предвидена глоба од 100 до 500 рубли.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче