Претседателот на Франција Франсоа Оланд во четврток и петок заедно со канцеларката на Германија Ангела Меркел ќе ги посетат Киев и Москва со цел да разговараат за Украина, информира РИА Новости.
„Заедно со Ангела Меркел решив да истапам со нова иницијатива. Денес попладне заминуваме за Киев. Ќе дадеме нови предлози за решавање на конфликтот во Украина и тие ќе бидат базирани врз зачувување на територијалниот интегритет на земјата. Денеска ќе дискутираме за нив со претседателот на Украина, а во петок ќе заминеме за Москва на средба со претседателот на Русија“, изјави Оланд на прес-конференцијата во четврток.
Владата на РФ ја потврди посетата на Меркел на Украина и на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче