ЕУ се закани со нови санкции против Русија доколку се влоши ситуацијата во Украина

Шефот на мисијата на ЕУ во РФ Вигаудас Ушацкас изјави дека Европската Унија разработува широк спектар мерки за стимулирање на реализацијата на Минската спогодба за Украина

Европската Унија пристапи кон активна разработка на широк спектар мерки со цел стимулирање на реализацијата на Минската спогодба за Украина, изјави за „Интерфакс“ шефот на мисијата на ЕУ во РФ Вигаудас Ушацкас.

На тој начин тој одговори на прашањето на агенцијата дали можат да бидат проширени следната недела секторските економски санкции од ЕУ во однос на Русија, како и дали се отфрла исклучувањето на Русија од системот SWIFT.

„Европската унија е подготвена да преземе понатамошни мерки во случај на влошување на ситуацијата – тоа е третиот елемент на одлуките кои ги донесоа министрите за надворешни работи минатата недела. Како резултат на тоа започната е работа за подготовка на секакви соодветни дејства кои можат да преземени од страна на ЕУ со цел реализација на Минската спогодба.  Понатамошните чекори ќе зависат од развојот на настаните на терен", кажа  Ушацкас за „Интерфакс“ во четвртокот.

Според него, „тоа произлегува од договорот на шефовите на државите и владите дека „ЕУ ќе го продолжи курсот“ и подготвеноста „да се преземат понатамошни чекори во случај на потреба".

Дипломатот напомна дека „на својата последна средба министрите за надворешни равоти се договорија да ги продолжат до септември постојните ограничувачки мерки насочени против лица и организации и одлучија да додадат нови имиња на листата на својата следна средба во февруари (во моментов се работи во таа насока).“

„Тоа е поврзано со влошувањето на ситуацијата на теренот, неселективното гранатирање на населените места и неодамнешната ескалација на воените дејствија", рече Ушацкас.

Тој истакна дека „ЕУ се придржува до јасниот редослед на дејствија“.

„Како што е наведено во резимето од состанокот, ние очекуваме дека Русија ќе изврши влијание, ќе покаже одговорност и ќе ги исполни своите обврски од Минската спогодба. Ова се однесува на сите страни", истакна Ушацкас.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња