Од владата на Грција изјавија дека новиот премиер на земјата Алексис Ципрас е поканет на парадата на Победата на 9 мај во Москва, пренесува РИА Новости.
„(Претседателот на РФ Владимир) Путин го покани Ципрас на парадата на 9 мај по повод Победата на народот над нацизмот. Ципрас ја истакна важноста која ѝ ја придава на борбата против нацизмот и изрази намера да одговори на поканата“, изјави во четвртокот претставник на владата на Грција.
Претходно во четвртокот помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков соопшти дека претседателот на РФ Владимир Путин имал телефонски разговор со новиот премиер на Грција Алексис Ципрас поканувајќи го во Москва.
Претходно шефот на МНР на РФ Сергеј Лавров соопшти дека околу 20 странски лидери го потврдија учеството на свеченостите во Москва по повод 70-годишнината од Победата. Во декември помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков потврди дека Москва ги поканила лидерите на земјите-учеснички во антихитлеровската коалиција, меѓу другото и САД, како и земјите-партнери, вклучувајќи ги и земјите од БРИКС. Притоа тој прецизираше дека поканите се праќани „според списокот од претходниот јубилеј на Победата.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче