Во Думата поднесен нацрт-закон за забрана за одгледување ГМО во Русија

Руската влада поднесе во Државната дума нацрт-закон за забрана за одгледување и размножување во Русија на генетски-модифицирани растенија и животни.

Руската влада поднесе во Државната дума нацрт-закон за забрана за одгледување и размножување во Русија на генетски-модифицирани растенија и животни. Ова во вторникот, на 3 февруари, го пренесе РИА Новости. Исто така се забранува употреба за сеидба на семе од растенија, добиени со помош на методи за генетски инженеринг.  

Забраната не се однесува на употреба на генетски-модифицирани организми (ГМО) за вршење експертизи и научно-истражувачки работи.

Согласно документот, увозниците на ГМО ќе бидат обврзани да ги поминат процедурите за регистрација, а владата ќе добие право да забранува увоз во РФ на такво производство поради резултатите од мониторингот на нивното влијание врз човекот и животната средина.

Со нацрт-законот се предвидува административна одговорност за употреба на ГМО поради прекршување на дозволениот начин и услови за користење. Казната на одговорните лица се предлага да биде во износ од 1о илјади до 50 илјади рубли; за правните лица – од 100 до 500 илјади рубли.  

Дека Русија може да ја забрани трговијата со продукти кои содржат ГМО, претходно информираше првиот човек на Роспотребнадзор Ана Попова. „Денес е исклучено производството на ГМО во РФ во целост, а можно е и исклучување од оптек. Ова прашање се разгледува“, истакна Попова.

ГМО е организам чиј генотип бил вештачки изменет. Генетскиот инженеринг се користи особено за создавање нови сорти растенија и раси на животни. Според податоците на некои научници, употребата во ГМО продукти во исхраната придонело за развој на канцерогени клетки, заостанување во растот и развојот, намалување на репродуктивните способности кај лабораториски глувци. Сепак, според податоците на СЗО, генетски-модифицираните продукти кои се достапни на пазарот се безопасни. Според анкетата на ВЦИОМ, спроведена во октомври 2014 година, над 80 проценти Руси ја поддржуваат забраната за ГМО во земјата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.