Во Државната дума ги негираа преговорите со Ријад за поврзувањето на цената на нафтата со судбината на Асад

Претседателот на комитетот замеѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков ја отфрли информацијата за преговорите во врска со намалувањето на производството на нафта од страна на Саудиска Арабија.

Претседателот на комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков ја отфрли информацијата за преговорите во врска со намалувањето на производството на нафта од страна на Саудиска Арабија во замена за откажувањето на Москва од поддршката на претседателот на Сирија Башар Асад, пренесува руски ИНТЕРФАКС.

„Преговори за „намалување на производството на нафта од страна на Саудијците во замена за откажување на Москва од поддршката на Асад“ немаше. Новинарска патка“, напиша Пушков во средата на Твитер.

Во интервјуто за „Рускаја служба новостеј“ тој прецизираше дека преговорите на ниво на министерот за нафта на Саудиска Арабија и министерот за енергија на РФ Александар Новик се одржале во текот на престојот на руската делегација на погребната церемонија по повод смртта на кралот на Саудиска Арабија во Ријад,  меѓутоа за сириското прашање не се дискутирало.  

„Се дискутираа прашања поврзани со нафтата, формирањето на цените, координацијата на активностите на земјите-членки на ОПЕК. Преговорите беа позитивни и конструктивни. Никаква сириска димензија во тие преговори немаше“, рече пратеникот.

Претходно весникот Њујорк тајмс повикувајќи се на неименувани саудиски и американски официјални лица соопшти дека властите на Саудиска Арабија се обидуваат да ја убедат Русија да престане да го поддржува претседателот на Сирија, предлагајќи го како замена своето влијание за покачување на цените на нафтата во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.