Путин го ратификуваше договорот меѓу Русија и Абхазија

Претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на Договорот меѓу Русија и Абхазија за сојузништво и стратешко партнерство

Претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на Договорот меѓу Русија и Абхазија за сојузништво и стратешко партнерство, се соопштува на сајтот на Кремљ, а пренесува INTERFAX.RU.

Со Договорот се воспоставуваат основи за меѓудржавни односи меѓу Русија и Абхазија во социјалната, економската и хуманитарната сфера, како и по прашања од доменот на одбраната и безбедноста.

Предмет на договорот се основните права и слободи на човекот и граѓанинот, се вели во информацијата за законот.

Со договорот, на пример, е предвидена одредба согласно која Русија ќе преземе дополнителни мерки насочени кон упростување на процедурите за добивање руско државјанство за граѓаните на Абхазија.

Договорот беше потпишан од претседателите на Русија и Абхазија во Сочи на 24 ноември 2014 года.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња