Поранешен украински премиер предложи средба со учество на Путин, Обама и Меркел

Поранешниот премиер на Украина Николај Азаров смета дека е неопходно да се организира меѓународна конференција за решавање на кризата во Украина со учество на претседателите на РФ и САД, како и на канцеларката на Германија

Поранешниот премиер на Украина Николај Азаров смета дека е неопходно да се организира меѓународна конференција за решавање на кризата во Украина со учество на претседателите на РФ и САД, како и на канцеларката на Германија, пренесува РИА Новости. 

Зборувајќи за рускиот шеф на државата Владимир Путин, Азаров истакна дека го смета за силен политичар кој размислува глобално. „Тоа е раководител со силна волја, решителен, кој има огромно искуство во раководење на државата. Човек е кој размислува глобално, затоа  сум убеден дела конференција на која ќе учествуваат тој, претседателот на САД, премиерот на Германија би била способна да ги реши овие прашања“, рече Азаров.

„Треба да се подготви таква конференција, учеството на Владимир Владимирович (Путин) на таква конференција би можело да гарантира глобален пристап и стратешко решение за украинската криза. (…) треба да биде решена во 2015 година“, изјави Азаров во текот на презентацијата на неговата книга „Украина на крстопат“ во средата во Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.