Официјалниот курс на еврото падна на 75 рубли

Официјалниот курс на еврото, утврден од Централната банка за 5 февруари, падна на 75,04 рубли.

Официјалниот курс на еврото, утврден од Централната банка за 5 февруари, падна за 1,78 рубли, односно на 75,04 рубли. Доларот поевтини за 2,33 рубли на  65,44. Оваа информација е објавена од Банката на Русија.

Притоа во тргувањето на берзата доларот и еврото се приближуваат до рубљата. Во 13:27 по московско време американската валута го достигна нивото од 66,09 рубли, европската  - од 75,67.

На лондонската берза ICE нафтата продолжува да поевтинува. Барел марка Brent чини 56,56 долари, на почетокот на денот беше поскап, односно чинеше 58 долари.

Претходно на 30 јануари советот на директори на ЦБ донесе одлука да ја намали каматната стапка од 17 на 15 проценти. Регулаторот објасни дека минатото покачување на стапката на 17 проценти доведе до стабилизација на инфлацијата и девалвација “во онаа мера на која сметаше Банката на Русија“. По известувањето за намалувањето на стапката курсот на доларот на Московската берза се доближи до 71 рубља, додека еврото надмина 80 рубли. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња