Њујорк тајмс: Саудиска Арабија ќе го намали производството на нафта ако Русија престане да го поддржува Асад

Саудиска Арабија се обидела да ја убеди Русија да се откаже од поддршката за Сирија со ветување дека ќе го намали своето производство на нафта

Саудиска Арабија и Русија последниве неколку месеци имале цела низа тајни преговори, пишува Њујорк Тајмс повикувајќи се на неименувани саудиски и американски официјални лица, пренесува РИА Новости.

Според информациите на изворите, во текот на средбите Саудиска Арабија се обидела да изврши притисок Русија да се откаже од поддршката за сирискиот претседател Башар Асад. Во замена саудиската страна ветила дека ќе го намали производството на нафта, што би довело до зголемување на цената на црното злато на светските пазари и што би влијаело позитивно на руската економија.  

„Ако нафтата може да послужи како средство за постигнување мир во Сирија, не гледам причина зошто Саудиска Арабија би се одрекла од таков договор“, ги цитира весникот зборовите на еден саудиски дипломат.

Притоа не е јасно на кој начин саудиските официјални лица го поврзуваат производството на нафта со поддршката на Дамаск од страна на Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња