Украинците ќе продолжат да влегуваат во Русија со пасош за внатрешна употреба

Раководителот на руското МНР Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе направи исклучок за Киев и ќе го задржи правото на влез на територијата на земјата со пасош за внатрешна употреба.

Раководителот на руското МНР Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе направи исклучок за Киев и ќе го задржи правото на влез на територијата на земјата со пасош за внатрешна употреба, информира ТАСС.

Според него, Русија се префрла на реципрочна употреба на пасоши за патување во странство со повеќето земји од ЗНД, задржувајќи го притоа безвизниот режим. Меѓутоа, во однос на Украина, „земајќи ја предвид кризата што сега настана во таа земја“, во Москва одлучија да направат исклучок. „Нашите украински колеги се информирани за ова“, изјави тој.  

На 3 февруари беше објавено дека во кабинетот на министри на Украина е донесена одлука согласно која, од 1 март 2015 година на државјаните на Русија ќе им биде забранет влез на територијата на Украина со пасоши за внатрешна употреба. Во Украина ќе може да се влезе само со пасош за патување во странство. Покрај тоа, деца до 14 години нема да можат да влезат со извод од матична книга на родени во кој е наведено дека се државјани на Руската Федерација.

Во март 2014 година по повод присоединувањето на Крим со Русија, Советот за национална безбедност и одбрана на Украина соопшти за воведување визен режим со Русија. Сепак во практика сѐ уште не е реализирана оваа постапка.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.