Воздухопловните сили и поморската авијација ќе добијат над 200 авиони и хеликоптери во 2015 година, изјави во вторникот, 3 февруари, министерот за одбрана на РФ генералот на армија Сергеј Шојгу, пренесува РИА Новости.
„Во рамките на јавните набавки во одбраната во 2015 година ВВС и поморската авијација ќе добијат 126 нови авиони и 88 хеликоптери. Притоа исправноста на авионскиот парк на авионите со долг дострел треба да изнесува 80%“, изјави Шојгу преку конференциски повик од Министерството за одбрана.
Според него, еден од приоритетите за 2015 година е обновата на вооружувањето на Воздухопловните сили.
„Нивната опременост со современо вооружување се планира да биде на 33%, а процентот на исправност - на 67%", додаде министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче