Шефовите на МНР на Русија, Индија и Кина Сергеј Лавров, Сушма Свараџ и Ван И предложија да се реформира меѓународниот финансиски систем. Ова се вели во коминикето на министрите, пренесува РИА Новости. Во прв ред шефовите на дипломатиите предлагаат да се зголемат квотите на земјите во развој во Меѓународниот монетарен фонд.
„Министрите повикаа на итна реформа на меѓународниот финансиски ситем за да се зголеми тежината и репрезентацијата на пазарите и земјите во развој“, се истакнува во документот.
Во моментов квотите во ММФ на Кина, Русија и Индија изнесуваат 4, 2,5 и 2,44 проценти соодветно. Најголем удел во оваа меѓународна организација има САД - 17,69 проценти. Големината на квотата влиаје на тежината на земјата при гласањето. За сите клучни решенија на ММФ е потребно одобрение од 85 проценти гласови. На тој начин, САД фактички имаат право на вето во организацијата.
Во 2010 година на средбата на „Големите дваесет“ беше донесена одлука за реформа на квотите на ММФ. Меѓутоа САД, користејќи се значителниот удел во организацијата, се противи на донесувањето конечна одлука на ниво на ММФ. За да се смени позицијата на земјата, неопходна е соодветна одлука од Конгресот, но кај американските парламентарци против реформа на квотите во ММФ категорично истапува Републиканската партија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче