Повеќе од 70% од фармацевтскиот пазар во Русија според пресметките за 2014 година заземаат производи од странско производство, соопшти првиот заменик-министер за здравство на РФ Игор Каграмањан на состанокот за итните антикризни мерки во сферата на здравството. Изјавата ја пренесува РИА Новости.
Претходно во вторникот претседателот на владата на РФ Дмитриј Медведев изјави дека руските власти немаат намера да го ограничуваат увозот на лекови за кои нема соодветна замена во Русија, колку и да „се потпираат на домашните производители“.
„Во 2014 година обемот на фармацевтскиот пазар во нашата земја изнесуваше над 900 милијарди рубли, а пазарот на медицински производи – над 200 милијарди рубли. Прикажано во пари, на овој пазар странското производство зазема над 70%“, изјави Каграмањан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче