Џек Хјустон и Морган Фримен во „Бен Хур“ на Тимур Бекмамбетов

Рускиот режисер Тимур Бекмамбетов почна со снимање на историската драма „Бен Хур“ со Џек Хјустон во улогата на Јуда Бен Хур и Морган Фримен.

Рускиот режисер Тимур Бекмамбетов почна со снимање на историската драма „Бен Хур“ со Џек Хјустон во улогата на Јуда Бен Хур и Морган Фримен во улогата на Илдерим, соопшти прес-службата на филмската компанија Bazelevs на нивниот официјален сајт, пренесува РИА Новости. 

Снимањето на филмот започна на 2 февруари на југот на Италија, во околината на градот Матера, каде се зачувани уникатни градби од времето на Римската империја, особено вилата на императорот Адријан. Исто така, ќе се снима и во Рим.

Сижето на новиот филм на Бекмамбетов се базира на класиката на американската литература – романот на Лу Волис „Бен-Хур: Историја на Христос“, првпат објавен во 1880 година.  Екранизацијата на Вилијам Вајлер од 1959 година беше наградена со 11 Оскари и влезе во историјата на светскиот филм.

Новата екранизација, според Бекмамбетов, ќе биде максимално блиска до романот на Волис. Таа ќе ги постави прашањата за верата и повикот, одмаздата и простувањето.

Во улогата на Исус ќе се појави бразилскиот актер Родриго Санторо, познат по улогата на царот Ксеркс во филмот „300 Спартанци“.

Прикажувањето на филмот во кино-салите се планира за 2016 година.

Се планира филмот да биде пуштен во дистрибуција во 2016 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња