Добрите односи меѓу Украина и ЕУ не исклучуваат добри односи со Русија, тие односи ќе им одговараат на сите учесници и политички, и економски, изјави сојузниот канцелар на Германија Ангела Меркел во понеделникот, говорејќи на универзитетот „Андраши“ во Будимпешта.
Според зборовите на канцеларката, „и покрај сите разочарувања“, Европската унија има намера да ги вложи сите напори Минската спогодба да биде спроведена. „Од тоа ќе зависи и понатамошното прашање за санкциите. Санкциите не се цел сама по себе. Никој не е среќен поради санкциите. Но тие ќе бидат активни сѐ додека постојат причините поради кои беа воведени“, изјави Меркел.
„Без сомнение, санкциите влијаат на интересите и на нашите претпријатија во Европската унија“, изјави Меркел. Сепак таа истакна дека „правната заштита и стабилноста се условите врз чија основа може воопшто да се врши некаква успешна економска дејност.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче