Трилатералната група за Украина не потпиша заклучни документи во Минск

„Средбата заврши. Дискусијата за документот продолжува“, изјави за РИА Новости ополномоштениот претставник на самопрогласената Луганска народна република Владислав Дејнего.

„Средбата заврши. Дискусијата за документот продолжува“, изјави за РИА Новости ополномоштениот претставник на самопрогласената Луганска народна република   Владислав Дејнего. 

Преговорите на контакт-групата се орджеа на 31 јануари, траеја повеќе од три часа. Притоа до последен момент не беше познато дали ќе дојдат сите учесници. На 30 јануари средбата беше откажана поради тоа што претставниците на самопрогласените републики не ги дочекаа претставниците на Украина. 

Специјалниот пратеник на МНР на Украина Дмитриј Кулеба го објасни тоа со фактот дека Киев инсистирал на учество во преговорите на лидерите на ДНР и ЛНР Александар Захарченко и Игор Плотницки. ДНР и ЛНР од своја страна го наведоа како услов за доаѓањето на шефовите на републиките прекинот на гранатирањето од страна на украинската армија.

На 31 јануари на средбата во Минск се собраа сите членови на трилатералната група -  ополномоштените претставници на самопрогласените Донецка и Луганска република Денис Пушилин и Владислав Дејнего, претставникот на ОБСЕ Хајди Таљавини, амбасадорот на Русија во Украина Михаил Зурабов и ополномоштениот претставник на Украина Леонид Кучма.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња