МНР РФ со реакција по повод последните настани во Македонија

По повод настаните од 31 јануари во Македонија, кога беше спроведена полициската акција „Пуч“, со соопштение објавено на својот сајт се јави и Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

По повод настаните од 31 јануари во Македонија, кога беше спроведена полициската акција „Пуч“, со соопштение објавено на својот сајт се јави и Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. 

„Очекуваме дека овој настан ќе биде предмет на темелна истрага во интерес на стабилноста и на безбедноста во Македонија. Ги повикуваме сите политички сили во земјата да дејствуваат во рамките на уставните демократски институти, а постоечките проблеми да ги решаваат по пат на дијалог", се вели во соопштението.

Руското МНР смета дека какво било влошување на состојбите во „пријателската Македонија“ е ризик за опасно заострување на меѓуетничките тензии во земјата. 

Исто така, според министерството, се потврдува актуелноста на предлгот на Русија за усвојување, во рамките на ОБСЕ, на документ за недопустливост на антиуставни државни преврати. 

Четири лица, меѓу кои и лидерот на македонската опозициска партија се осомничени од страна на властите за подготовка на пуч и шпионажа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња