Генералниот секретар на НАТО ја обвинува Русија за непочитување на границите

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини Русија за непочитување на границите со соседните земји.
Што се крие зад зборовите на Путин за „натовската легија“ во Украина?
Претседателот на Русија Владимир Путин ги нарече украинските доброволнички баталјони, кои војуваат на територијата на Донбас, „натовска легија“, чија дејност им противречи на интересите на Украина. Според експертите, рускиот лидер, потенцирајќи ја зависноста на киевските власти од Западот, го повика претседателот Петро Порошенко да ја промени позицијата во однос на кризата.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја обвини Русија за непочитување на границите со соседните земји. Тој го изјави ова во интервјуто за „Ле Фигаро“.

Генералниот секретар на Алијансата изјави дека Русија, без оглед на економската ситуација во земјата, вложува значителни ресурси во одбранбената индустрија. Притоа Москва, според Столтенберг, ја демонстрирала својата способност „да распореди десетици илјади луѓе и (...) да ги искористи за заплашување, анексирање и дестабилизирање на своите соседи“.

Генералниот секретар на НАТО уште еднаш ја прекори Русија за испорака на оружје на претставниците на самопрогласените Донецка и Луганска народна република.  Овојпат тој го аргументираше своето гледиште со тоа што борците на ДНР и ЛНР не можат да си дозволат да имаат во својот арсенал толку модерно вооружување.

На 21 јануари Столтенберг ја нарече „бесмислица“ изјавата на претседателот на Русија Владимир Путин дека украинската армија им служи на интересите на НАТО и во суштина самата претставува натовска легија. Притоа тој додаде дека „ единствени претставници на странски сили во Украина се руските трупи“.

Претставниците на НАТО веќе многупати дадода изјави за присуството на руска војска на територијата на Украина. Во Москва ги отфрлаат сите обвинувања на своја адреса. На пример, во рускиот Генералштаб истакнуваа дека таквите изјави можат да се сметаат за „примитивни фабрикувања“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња