МНР на Русија реагираше на одлуката на ЕУ за продолжување на санкциите

МНР на Русија е разочарано од одлуката за продолжување и проширување на санкциите против Москва, усвоена од Советот на ЕУ за меѓународни работи.
Русија се заканува со напуштање на ПССЕ
Русија може да донесе одлука за излегување од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Ова на 28 јануари во Стразбур го изјави шефот на руската делегација Алексеј Пушков.

МНР на Русија е разочарано од одлуката за продолжување и проширување на санкциите против Москва, усвоена од Советот на ЕУ за меѓународни работи. Коментарот на одделот за информации и печатот на министерството е објавен на веб-сајтот на МНР.

„Жално е што советот стана уште еднаш заложник на агресивното малцинство, за кое украинската криза е само повод за поттикнување на русофобни пристапи и отпор на нормалната соработка меѓу Русија и ЕУ“, истакнаа од Министерството.

Таму сметаат дека „потполно едностраното толкување на ситуацијата во внатреукраинскиот конфликт од страна на Брисел му ја одзема можноста да настапи како „непристрасен посредник“.  Во МНР исто така изразија зачуденост од брзината на донесувањето на одлуките за санкции. „Очигледно се плашеа дека Минскиот процес набрзо ќе се обнови и ќе се повтори септемвриската конфузија кога санкциите против Русија беа засилени следниот ден по постигнувањето на договорот“, сметаат во министерството.

Истовремено Москва ја повика ЕУ да размисли за „бесперспективноста на санкциската конфронтација којашто само им штети на народите и економиите на нашите земји.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња